Macedonian Guide News
Monday, July 9, 2007
Нашите од Егејска Македонија на протест
Денес во Битола Македонците со потекло од Грција се обединија. Здружени упатија енергични барања до властите во Атина – да дозволат враќање на протераните, да се укинат расистичките закони и да се отфрли најновата резолуција на градоначалникот на Солун за непризнавање на Македонија. За отец Царкњас кој дојде на собирот изјавата на амбасадорката Гросоманиду е вистината за бесмисленоста на спорот кој Грција го води со Македонија околу името.
Еколошките проблеми пречка за ЕУ
Во Европа еколошко гориво и за авионите, а кај нас облаци од издувни гасови среде центарот на Скопје. Додека ЕУ ја штеди водата за пиење, кај нас се злоупотребува. Тече и од клима уредите на државните институции.
„Она што ќе ни помогне околу уредувањето од аспект на отпадот ќе биде Националната стратегија за управување со отпад, која што Министерството за животна средина очекува до крајот на оваа или раниот почеток на наредната година да се донесе“, рече Дејан Пановски, државен секретар во Министерство за заштита на животна средина.
Екологијата може да стане и пречка за започнување на преговорите со Брисел, бидејќи за оваа област континуирано добиваме лоши оценки. Евроамбасадорот укажува дека треба да се смени менталитетот на луѓето.

Friday, July 6, 2007
Горат над 50 хектари шума
Над 50 хектари дабова нискостеблеста шума од утрово гори помеѓу селата Ропотово и Дебреште кај Прилеп.
Поради непристапниот терен и силниот ветер, огнот се шири многу брзо, а противпожарните екипи не се во можност да го спречат, се обидуваат да го локализираат со предизвикување на спротивен оган.
Освен шумата запалени се и неколку хектари со жито, што се наоѓаат на подножјето на планината.
Во гаснењето на огнот се вклучија и жителите на Ропотово, а дел од нив во паника, започнаа да ги жнеат нивите со жито, од страв огнот да не се прошири.
Пожарот започнал во раните утрински часови, а противпожарните екипи претпоставуваат дека тој е подметнат.

25 девојки жртви на трговија со луѓе
Вкупно 25 девојки, македонски и странски државјанки, се префрлени во Центарот за жртви од трговија со луѓе во Скопје, по контрола на полицијата на два угостителски објекти во тетовско, каде тие работеле со нерегулиран статус.
Полицијата во истрагата треба да утврди дали девојките, 11 албански, девет бугарски и две српски државјанки, две од Скопје и една од Гостивар, биле жртви на трговија со луѓе и на проституција, информираат од МВР. Полицијата утврдува и како странските државјанки влегле во Македонија.
Пред неколку месеци во слична акција во „Ориентал Ас” беа пронајдени десетина девојки, кои потоа беа доведени во транзитниот центар. Во таа акција во истиот објект беа затекнати и двајца припадници на МВР кои не биле на службена должност.

Wednesday, July 4, 2007
Скопје во мрак
Австриските газди од ЕСМ го исклучија уличното осветлување како предупредување поради неплатени сметки. Градот Скопје должи околу два милиона евра.
Пo што настапија етнаесетте минути мрак по скопските улици. Без струја останаа 100-тина улици, меѓу кои „Партизански одреди“, „Јане Сандански“, „Илинденска“, „Водњанска“, улиците на влез и излез од градот и плоштадот.
Граѓаните кои се најдоа на плоштадот и по темните улици, револтирани. Велат, редовно си ги плаќаме сметките. Едни вината ја гледаат во Владата, други кај градските власти.
„Овој проблем треба Градското собрание да го реши веднаш и народот да не пати поради тоа. Сите ние трошиме, па треба и трошоците да си ги платиме. Ги поддржувам и потполно е исправно што ја исклучија струјата. Романтично е, нека продолжат“, рекоа граѓаните.

Агенцијата за разузнавање ја следи состојбата на Косово
Нема безбедносни закани за Македонија во пресрет на решавањето на косовскиот статус. Такви се информациите со кои располага Агенцијата за разузнавање од каде потврдуваат дека се интензивирала соработката со странските разузнавачки служби во регионот и целосно се следи состојбата на Косово. Овие информации денеска директорот на агенцијата Кире Наумов ги кажал на комисијата за надзор на разузнавачките служби истовремено жалејќи се дека фалат пари за поефикасно работење на разузнавачите.
И покрај тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Агенцијата за разузнавање, во наредниот период предвидено е да се вработат нови 15 разузнавачи кои ќе бидат од етничките заедници. Пари за нив има обезбедено.

Неколку илјади евра за летување
Летна потрошувачка еуфорија на македонските граѓани. Подготвени се да потрошат и по неколку илјади евра за летниот одмор. Грчките острови годинава се топ дестинацијата. Не помалку атрактивна е и Турција.
Цените на патувањата во однос на лани се повисоки за речиси 20 проценти. Аранжманите за летување чинат најмалку 200 евра.
За скапото летување по егзотичните плажи, голем дел од граѓаните ќе се задолжат во домашните банки. Според анализите на банкарите потрошувачките кредити меѓу кои и оние за туризам пред стартот на летната сезона драстично се зголемени. Во однос на почетокот на годината кредити се земале речиси двојно повеќе. Туристичките менаџери потврдуваат аранжманите најчесто се плаќаат на рати со кредитни картички.

Tuesday, June 12, 2007
Недела на акција против оружјето
Неделава е глобална недела на акција против малото и лесно оружје. Може ли Македонија да се ослободи од оружјето кое убива и случајни невини жртви?
Над 100.000 луѓе во Македонија поседуваат нелегално лесно и мало оружје, 160.000 легално го поседуваат под изговор за лична безбедност.
Само лани полицијата запленила 646 парчиња најразновидно оружје, за трговија со него биле уапсени 280 лица.
Неопходна е поголема инволвираност на сите во општеството за намалување на оружјето. Конкретна акција наместо декларативни заложби.
Глобално, во светот има околу 640 милиони парчиња оружје, дури 60% од него, легално или не, го поседува цивилно население.

Злоупотреба на детскиот труд
По повод 12 јуни, Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд,Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ потсетува дека, и покрај тоа што Македонија пред шест години ја ратификуваше Конвенцијата против злоупотреба на детскиот труд, состојбата останува алармантна.
Над 18.000 деца не се вклучени во системот на образование, а најмалку 1.000 деца го поминуваат своето детство на улица.
Од Детската амбасада напоменуваат дека злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа туку и комерцијална сексуална злоупотреба, детска проституција и порнографија, трговија со деца, деца-војници.

Monday, June 11, 2007
Груевски на средба со Буш
Посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Албанија е историски настан не само за Македонија, Албанија и Хрватска, туку за целиот регион, изјави македонскиот премиер Никола Груевски по денешната средба на Буш со премиерите на земјите од Јадранската група, Македонија, Албанија и Хрватска.
Груевски истакна дека на состанокот Буш бил отворен и многу позитивен за НАТО аспирациите на трите земји и уште еднаш ја потврдил неговата поддршка.
- Имаме силна поддршка за трите земји на следниот самит на НАТО во Букурешт да добиеме покана за целосно членство во Алијансата, истакна Груевски.
Премиерите информираа дека американскиот претседател уште еднаш изразил поддршка за независноста на Косово, што според него е единствено решение.

Subscribe to:
Posts (Atom)