Friday, July 6, 2007

25 девојки жртви на трговија со луѓе

Вкупно 25 девојки, македонски и странски државјанки, се префрлени во Центарот за жртви од трговија со луѓе во Скопје, по контрола на полицијата на два угостителски објекти во тетовско, каде тие работеле со нерегулиран статус.
Полицијата во истрагата треба да утврди дали девојките, 11 албански, девет бугарски и две српски државјанки, две од Скопје и една од Гостивар, биле жртви на трговија со луѓе и на проституција, информираат од МВР. Полицијата утврдува и како странските државјанки влегле во Македонија.
Пред неколку месеци во слична акција во „Ориентал Ас” беа пронајдени десетина девојки, кои потоа беа доведени во транзитниот центар. Во таа акција во истиот објект беа затекнати и двајца припадници на МВР кои не биле на службена должност.

No comments:

Архива на вести