Monday, June 11, 2007

Груевски на средба со Буш

Посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Албанија е историски настан не само за Македонија, Албанија и Хрватска, туку за целиот регион, изјави македонскиот премиер Никола Груевски по денешната средба на Буш со премиерите на земјите од Јадранската група, Македонија, Албанија и Хрватска.
Груевски истакна дека на состанокот Буш бил отворен и многу позитивен за НАТО аспирациите на трите земји и уште еднаш ја потврдил неговата поддршка.
- Имаме силна поддршка за трите земји на следниот самит на НАТО во Букурешт да добиеме покана за целосно членство во Алијансата, истакна Груевски.
Премиерите информираа дека американскиот претседател уште еднаш изразил поддршка за независноста на Косово, што според него е единствено решение.

No comments:

Архива на вести