Wednesday, July 4, 2007

Скопје во мрак

Австриските газди од ЕСМ го исклучија уличното осветлување како предупредување поради неплатени сметки. Градот Скопје должи околу два милиона евра.
Пo што настапија етнаесетте минути мрак по скопските улици. Без струја останаа 100-тина улици, меѓу кои „Партизански одреди“, „Јане Сандански“, „Илинденска“, „Водњанска“, улиците на влез и излез од градот и плоштадот.
Граѓаните кои се најдоа на плоштадот и по темните улици, револтирани. Велат, редовно си ги плаќаме сметките. Едни вината ја гледаат во Владата, други кај градските власти.
„Овој проблем треба Градското собрание да го реши веднаш и народот да не пати поради тоа. Сите ние трошиме, па треба и трошоците да си ги платиме. Ги поддржувам и потполно е исправно што ја исклучија струјата. Романтично е, нека продолжат“, рекоа граѓаните.

No comments:

Архива на вести