Летна потрошувачка еуфорија на македонските граѓани. Подготвени се да потрошат и по неколку илјади евра за летниот одмор. Грчките острови годинава се топ дестинацијата. Не помалку атрактивна е и Турција.
Цените на патувањата во однос на лани се повисоки за речиси 20 проценти. Аранжманите за летување чинат најмалку 200 евра.
За скапото летување по егзотичните плажи, голем дел од граѓаните ќе се задолжат во домашните банки. Според анализите на банкарите потрошувачките кредити меѓу кои и оние за туризам пред стартот на летната сезона драстично се зголемени. Во однос на почетокот на годината кредити се земале речиси двојно повеќе. Туристичките менаџери потврдуваат аранжманите најчесто се плаќаат на рати со кредитни картички.
Wednesday, July 4, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment