Нема безбедносни закани за Македонија во пресрет на решавањето на косовскиот статус. Такви се информациите со кои располага Агенцијата за разузнавање од каде потврдуваат дека се интензивирала соработката со странските разузнавачки служби во регионот и целосно се следи состојбата на Косово. Овие информации денеска директорот на агенцијата Кире Наумов ги кажал на комисијата за надзор на разузнавачките служби истовремено жалејќи се дека фалат пари за поефикасно работење на разузнавачите.
И покрај тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Агенцијата за разузнавање, во наредниот период предвидено е да се вработат нови 15 разузнавачи кои ќе бидат од етничките заедници. Пари за нив има обезбедено.
Wednesday, July 4, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment