Friday, July 6, 2007

Горат над 50 хектари шума

Над 50 хектари дабова нискостеблеста шума од утрово гори помеѓу селата Ропотово и Дебреште кај Прилеп.
Поради непристапниот терен и силниот ветер, огнот се шири многу брзо, а противпожарните екипи не се во можност да го спречат, се обидуваат да го локализираат со предизвикување на спротивен оган.
Освен шумата запалени се и неколку хектари со жито, што се наоѓаат на подножјето на планината.
Во гаснењето на огнот се вклучија и жителите на Ропотово, а дел од нив во паника, започнаа да ги жнеат нивите со жито, од страв огнот да не се прошири.
Пожарот започнал во раните утрински часови, а противпожарните екипи претпоставуваат дека тој е подметнат.

No comments:

Архива на вести