Tuesday, June 12, 2007

Недела на акција против оружјето

Неделава е глобална недела на акција против малото и лесно оружје. Може ли Македонија да се ослободи од оружјето кое убива и случајни невини жртви?
Над 100.000 луѓе во Македонија поседуваат нелегално лесно и мало оружје, 160.000 легално го поседуваат под изговор за лична безбедност.
Само лани полицијата запленила 646 парчиња најразновидно оружје, за трговија со него биле уапсени 280 лица.
Неопходна е поголема инволвираност на сите во општеството за намалување на оружјето. Конкретна акција наместо декларативни заложби.
Глобално, во светот има околу 640 милиони парчиња оружје, дури 60% од него, легално или не, го поседува цивилно население.

No comments:

Архива на вести