Wednesday, June 6, 2007

Министерот за надворешни работи Милошевски во Брисел

Справувањето со корупцијата и организираниот криминал се меѓу постигнувањата на Македонија, што шефот на дипломатијата Антонио Милошоски ги изнесе во својот говор во Европскиот парламент во Брисел.
Министерот Милошоски ги извести членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и за "успешниот политички дијалог" во земјата и дека "економските реформи веќе даваат резултати во однос на странските инвестиции".
За време на настапот на Милошоски грчкиот пратеник Јоргос Караџаферис се закани со вето во Брисел за приемот на Македонија во ЕУ. На тоа, Милошоски смирено одговори дека според договорот помеѓу двете земји од 1995 година, Грција нема право да го спречува влезот на Македонија во меѓународни организации.
На Нацрт - резолуцијата за Македонија се поднесени 150 амандмани. За неа Европскиот парламент повторно ќе расправа идната недела кога ќе биде ставена и на гласање.

No comments:

Архива на вести