Грчката православна црква позитивно одговорила на барањето на МПЦ за средба со владиците од Атина. Македонската црковна делегација ќе ја прими грчкиот Митрополит Хризостомос, но се уште не е договрен терминот кога тоа ќе се случи. Синодот на Грчката Црква на последната седница го разгледал писменото барање од македонските архиереи и одлучил дека е добро да се организира меѓуцрковна средба.
Ова средба е трета во низата што МПЦ ги иницираше во црковната дипломатија, што ја почна оваа година. Македонски архиереи првин беа во Цариград, потоа во Моска и сега на ред е седиштето на Атинската Архиепископија. Таа доаѓа во време кога Грчките владици одлучија јавно да соопштат дека го финансираат Вранишковски, на што МПЦ неофицијално се закани дека во таква ситуација размислува да формира македонски црковни општини на грчка територија.
Thursday, June 7, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment