Wednesday, June 6, 2007

Новиот филм на Милчо Манчевски

Новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски „Сенка“ завчера во Њујорк доживеал прва затворена проекција. Добитникот на двa Оскарa Хауард Шор ја направи музиката за „Сенка“. Филмот е во копродукција на Македонија, Германија, Италија, Шпанија и Бугарија. Актерската екипа на филмот брои 90 македонски актери.
Сценариото за „Сенка“ е пишувано речиси две години. Новиот филм на Манчевски е најавен како потресна љубовна приказна за младиот лекар Лазар, кој треба да се најде себеси за да ја исполни задачата, што се чини дека му е наметната по сообраќајката во која едвај останува жив. Тоа е современа љубовна приказна што ќе ги отслика душите на неколку ликови. Во препознатливиот манир на Манчевски, повторно ќе се меша актуелното време со навраќања што немаат точна историска одредница.
Манчевски има една номинација за Оскар за филмот "Пред дождот" и важи за многу почитуван режисер во филмскиот свет.

No comments:

Архива на вести