Tuesday, June 5, 2007

Македонскиот министер Ташковиќ во Канада

Министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Глигор Ташковиќ кој од 29 мај престојува во Канада, во изминатите денови посети неколку компании од автомобилската, прехранбено - земјоделската и информатичко - технолошката индустрија.
Ташковиќ ги презентира можностите што ги нуди Македонија за странските инвеститори, посочувајќи ги како клучни намалувањето на даноците, воведувањето рамен данок, слободните економски зони и договорите за слободна трговија. Тој им порача на македонските иселеници во Канада дека сега е вистинското време да се вратат и да инвестират во својата држава.
Во Торонто министерот Ташковиќ се сретна со претставници на авиокомпанијата „Скајсервис Ерлајнс“. Договорено е од 2008 година да биде пуштена директна авиолинија Торонто - Охрид.
Ташковиќ деновиве во Монтреал треба да одржи состаноци со најуспешните компании од овој град, а задутре заминува за Отава каде се очекува да оствари средби со министри од канадската Влада. Тој е поканет да присуствува на бизнис-форумот што го организира Стопанската комора на Канада, а на кој ќе учествуваат највлијателните луѓе од бизнисот овде.

No comments:

Архива на вести