Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз денеска до претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски поднесе барање за гласање доверба на Владата на Република Македонија.
Координаторот на пратеничката група Јани Макрадули, на прес-конференција во Собранието, информира дека седницата за гласање доверба на владиниот кабинет се очекува да биде закажана в четврток и да заврши до 24 часот истиот ден.
Причина за интерпелација на Владата, рече Макрадули, е нестабилната политичка ситуација во Македонија.
Според СДСМ, во изминатите девет месеци од работењето на Владата, имало сериозни нарушувања на меѓународниот углед на Македонија, а немањето на политички дијалог резултирал со криза и застој на евроатланскиот пат.
Tuesday, June 5, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment