Светскиот македонски конгрес (СМК) на денешната прес-конференција изјави дека од Владата и од претседателот на Бранко Црвенковски бара веднаш и безусловно да ги прекинат разговорите за името на државата и со писмена нота да го известат генералниот секретар на Обединетите нации дека државата своето членство во ОН и во сите меѓународни организации го продолжува со своето единствено име Македонија.
Светскиот македонски конгрес го отфрла предлогот на претседателот Бранко Црвенковски за прием на Македонија во НАТО доколку не се постигнало договор со Атина за името и под референцата која се користи во Обединетите нации, затоа што тоа претставува флагрантно кршење на Уставот.
Македонија бара извинување за геноцидот врз македонскиот народ од Атина и Брисел, бара воени репарации за штетите предизвикани од етничкото чистење, геноцидот и егзодусите врз македонскиот народ, потенцира СМК.
Thursday, June 7, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment