Friday, June 8, 2007

Скопје во мрак

Неплатен долг на електричната енергија за улично осветлување во висина од 119,5 милиони денари е причина за невидениот колапс кој му се заканува на Скопје, доколку ЕСМ во вторник ги исклучи светлата на 99-те главни и магистрални улици во градот. Тоа значи дека ќе бидат исклучени и семафорите на 84 крстосници, поголемиот број на сервисни улици и објекти кои се врзани на главната мрежа.
Според секретарот на Град Скопје, Бранко Трајчевски, за 67 милиони денари од вкупниот долг Градот и ЕСМ имаат потпишано спогодба за пребивање на долгот и таа отплата тече. Проблем се околу 43 милиони денари кои се направени по 01. јули, лани, од кога на сила стапија новиот Закон за комунални такси и Закон за Град Скопје.
Граѓаните и во овој случај ќе го извлечат подебелиот крај. Во изминатиов период тие имаа многу поплаки на слабото осветлување на метрополата, сега им се заканува целосен мрак.

No comments:

Архива на вести