Friday, June 1, 2007

Македонскиот фудбал се подготвува за мечот со Израел

Највисоките фудбалски тела, ФИФА и УЕФА, деновиве во Скопје ќе испратат свој супервизор кој ќе ги испита условите во Фудбалската федерација на Македонија за организирање на претстојниот квалификациски меч со Израел. По средбата со претседателот на нашата федерација, Хари Хаџи-Ристески беше истакната безрезервната поддршка од ФИФА и од УЕФА, а истовремено, нивните челници уште еднаш предупредија дека ако до 15 јуни не се нормализира состојбата во ФФМ, ни следува суспензија. Бидејќи се работи за меч со висок ризик, два дена пред одигрувањето на натпреварот, во Скопје ќе пристигнат и комесарот за безбедност на УЕФА и делегатот на натпреварот.

No comments:

Архива на вести