Friday, June 1, 2007

Споменик на Крсте Петков-Мисирков

На плоштадот Пела во Скопје,беше откриен споменик на основоположникот на македонскиот литературен јазик и на автохтоноста на македонската национална свест, Крсте Петков-Мисирков. На промоцијата присуствуваа познати личности од политичкиот и културниот живот, како и владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски.
Крсте Петков-Мисирков во своето најпознато дело "За македонцките работи" врз научна основа ја објаснува самобитноста на македонскиот јазик, објаснувајќи низ анализа дека македонскиот народ го има своето право на самостојно егзистирање.
Автор на споменикот е академик Боро Митриќески.

No comments:

Архива на вести