Thursday, May 31, 2007

Светски ден на непушењето

Под слоганот "Создадете и уживајте во средина која што е 100% без чад од цигари" годинава во Македонија се одбележува Светскиот ден на непушењето - 31 мај.
"Вонредно големата потрошувачка на цигари по глава на жител ја вбројува Македонија меѓу државите со најалармантна состојба во поглед на злоупотребата на тутунот, наспроти трендот на опаѓање на потрошувачката на цигари во земјите каде досега најмногу се пушеше", наведува Сојузот за превентива од алкохолизмот, никотинизмот и наркоманите на Македонија во соопштение по повод Светскиот ден на непушењето.
Според светските статистики, секои 10 секунди од пушење умира по едно лице. Посебно загрижува огромниот број пушачи од женски пол, додава Сојузот, бидејќи е докажано дека мајките пушачи редовно раѓаат деца со намалена телесна тежина.
Предлог-проектот за оваа година е сите образовно-воспитни и здравствени установи каде престојуваат млади, посебно деца, итно да се прогласат за чисти зони, без чад од цигари.

No comments:

Архива на вести