Wednesday, May 30, 2007
Чашуле добитник на овогодинешната Рацинова награда
Писателот Коле Чашуле е овогодинешниот добитник на Рациновото признание. Оваа престижна награда Чашуле ја добива за неговото најново дело „Патот од себе си“. Вака одлучи жирито на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“, кој по 44-ти пат се одржува во Велес. Книгата е пишувана во форма на монолог, на искрена исповед за сопствените и општествените етички дилеми и премрежја на времето во кое е се потешко да се остане простум. Иако еден од основачите на „Рациновите средби“, 86-годишниот Чашуле, за прв пат го добива оваа признание. Тој вели дека наградата му значи дотолку повеќе што го носи името на неговиот другар, соборец и пријател.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment