Wednesday, May 30, 2007

Он-лајн шопинг во Македонија

Он-лајн шопинг од македонски веб продавници со домашна кредитна картичка - во Македонија конечно ќе се купува и на интернет. Повеќе од една деценија речиси половина од вкупниот пазар во европските земји се одвива преку интернет. Во Македонија со Дајнерс кредитна картичка денес преку интернет е купена првата домашна пица. Засега пазарење преку овој систем може да се одвива само со Дајнерс кредитна картичка. Сопствениците на софтверската компанија која го овозможува он-лајн шопингот велат дека се во преговори и со другите кредитни картички.

No comments:

Архива на вести