Wednesday, May 30, 2007

Израел ги укина визите за Македонија

Израелската влада ги укина визите за македонските државјани. Со тоа Македонија станува една од малкуте европски држави за кои Израел го укинал визниот режим. Од ЕУ само за западноевропските држави не се потребни визи. Израел најавува засилена соработка со Македонија на економски план, а следниот викенд, покрај фудбалскиот натпревар Македонија-Израел, ќе има настап на израелскиот најпознат композитор и израелскиот театар. Израел се уште не планира да отвори амбасада во Македонија, но планира да воспостави директна авионска линија Тел Авив-Скопје.

No comments:

Архива на вести