Македонските граѓани од средината на идната година ќе може да купуваат акции на странски берзи. Тоа ќе го овозможи Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, според која, од 1 јуни 2008 година стапува во сила целосна либерализација на движењето на капиталот во делот на портфолио-инвестициите. Граѓаните ќе добијат можност да штедат во странски банки дури откако ќе станеме членка на Европската Унија. Според надлежните, сегашното врбување на граѓаните да вложуваат на берзи во други земји преку странски инвестициски фондови сега е ризично, но од идната година, откако ќе се стави во правна рамка, ќе биде сигурно зашто ќе има заштитни механизми.
Од мај идната година граѓаните ќе може да купуваат и недвижен имот во странство, зашто купувањето имот ќе стане легално - објаснуваат надлежните.
Monday, June 4, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment