Monday, June 4, 2007

Поголема доверба во странските медиуми

Македонските граѓани сметаат дека програмските содржини на странските телевизиски станици се поквалитетни од домашните.
Ова го покажува последното истражување на Институтот за демократија, спроведено во минатиот месец, на репрезентативен примерок на национално ниво. При оценување од еден до пет, граѓаните за програмите на странските телевизии дале средна оценка 4,22, а за домашните 3,59.
Ваквите резултати не се воопшто зачудувачки, имајки предвид дека според последните проучувања, властите во државите во регионот продолжуваат да влијаат врз медиумскиот простор и ограничувањата на слободата на информирањето. Финансирајќи ги државните новински агенции, тие ги кршат сопствените и основните меѓународни норми за слободата на информирањето како и за пазарната конкурентност.

No comments:

Архива на вести