Sunday, May 27, 2007

Без пасош во Црна Гора

Црногорскиот амбасадор во Република Македонија Душко Лаличевиќ ги покани македонските граѓани летниот одмор да го поминат во Црна Гора. Toj соопшти дека тоа може да го сторат само со лична карта. Најмладата самостојна држава во Европа оваа мерка ја спровела уште минатата година заради развој на црногорскиот туризам. Во Црна Гора со лична карта може да влезат сите граѓани на државите кои беа дел од поранешна Југославија.

No comments:

Архива на вести