Sunday, May 27, 2007

Македонец во Гинис

Педесет и петгодишниот Делчо Ангелов од селото Горобинци, Светиниколско, кој живее во Швајцарија, ќе се обиде да постави нов европски рекорд во рекреативен велосипедизам во Гинисовата книга. Ангелов треба да помине низ 30 европски држави и за 59 дена маратон да извози околу 16 илјади километри. Тргнал од Таферс, Швајцарија и, по пет дена патување, тој вчера влезе во Македонија на граничниот премин Табановце. Тој низ Македонија ќе вози до денес, кога продолжува за Грција, а потоа, преку Италија, ќе отпатува во скандинавските земји.

No comments:

Архива на вести