Tuesday, May 29, 2007

Трговија со луѓе

На пет места во Македонија, во акцијата на МВР, полицијата за 24 часа уапси 17 лица осомничени за криумчарење организирање и транспорт на мигранти. Уште четворица од главните организатори се уапсени на територијата на Србија. Возилата со кои биле пренесувани мигрантите се запленети, откриено е и оружје и лажни пасоши, кои се најдени во становите на приведените, каде е вршен претрес. Распитот се уште трае, а акцијата истовремено се одвива и во Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Романија. Луѓето што со фалсификувани пасоши ги внесувале најчесто преку Србија, Косово и Албанија и ги носеле илегално во Грција. Цената била 5.000 евра.

No comments:

Архива на вести